Дружете не

facebookyoutubeblog

Зошто progeCAD

Погледнете го видеото со ТОП 10 причини зоштo да го изберете progeCAD
Или симнете ја PowerPoint презентцијата посветена на progeCAD Professional и погледнете што сè можете да направите со оваа моќна алатка...
Сето тоа по фер цени...

Актуелна верзија

kutija2k9prou

Пробната верзија на progeCAD 2017 Professional, целосно функционална во период од 30 дена може да ја симнете од нашата Download секција.


 

:
Забрзување на работата во progeCAD 2013

speed_proge

Една од новостите која ги донесе IntelliCAD 7 платформата е и подршката за хардверско забрзување.

Доколку Ви се чини дека progeCAD работи успорено, треба да пробате некои од долунаведените опции и трикови.

 

 

 

Пред почеток на работата со progeCAD проверете дали ги имате инсталирано најновите драјвери за графичката карта.

Хардверско забрување

Да го исклучите хардверско забрзување отворе го менито Tools/Options.

После тоа отворете го јазичето Display и исклучете ја опцијата Hardware acceleration.


 

После тоа исклучете го progeCAD и повторно вклучете го.

Подесување на OpenGL подршка

Доколку исклучувањето на хардверското забрзување не ја забрза работата со progeCAD, изменете ја глобалната променлива MINOPENGL. Оваа променлива ја дефинира минималната верзија на OpenGL неопходна за активирање на графичкото забрзување. Вообичаената вредност на MINOPENGL променливата е 20.

Корисниците кои имаат постари системи или имаат проблеми со курсорот/графиката, би требало да ја намалат вредноста на овој параметар на некоја пониска вредност.

За да ја промените вредноста на MINOPENGL променливата неопходно е во командната линија да ја внесете следната команда:

MINOPENGL

Променливата MINOPENGL може да има вредност помеѓу 10 и 20. Внесете некоја пониска вредност и притиснете ENTER.