CADprofi

cp logo 064CAD-profi Sp. е полска компанија основана во 1996 година, која развива дополнителни алатки за платформата AutoCAD/IntelliCAD.

Нивниот најпознат производ е CADprofi, професионален параметарски модул кој значително го забрзува секој процес на проектирање. Познатиот и кориснички ориентиран интерфејс му овозможува на корисникот да започне да работи со новата програма без адаптација. CADprofi е многу популарен меѓу инженерите и архитектите. Исто така, помалку искусните корисници кои само повремено работат со CAD програми многу ја ценат пристапноста и функционалноста на програмата.

Архитекти, инженери и дизјнери користат CADprofi за креирање на градежни проекти, системи за водовод и канализација, проекти за климатизација, проекти за електрични инсталации, како и други инсталации.

Програмата CADprofi се состои од неколку модули:

Сите апликации се компатибилни една со друга и секоја од нив може да се инсталира посебно или може да се инсталира во комбинација со еден од другите три модули.

Тековната верзија носи ознака CADprofi 2025.

 Можете да ја преземете пробната верзија од нашата Download секција.

CADprofi е првенствено програма која е развиена како алатка која се користи во две димензии и изометрија. Покрај тоа, постојано подобрената база на податоци за опрема од најпознатите производители содржи и 3D објекти. Модулот содржи голем број функции кои ја олеснуваат секојдневната работа за корисникот: од автоматско нумерирање, детални описи на поединечни системи до автоматско креирање предмери и прелиминарни пресметки и извоз на податоци во еден од следниве најчести формати (doc, xls , xml...)

Максимална компатибилност

Десетици илјади проектанти веќе ги избраа алатките на CADprofi. Затоа постојано се зема во предвид компатибилноста со различни CAD програми. CADprofi автоматски се прилагодува на CAD околината што е избрана (progeCAD, AutoCAD, BricsCAD, итн.). Цртежите креирани со алатките CADprofi се целосно компатибилни со форматите DWG и DXF и може лесно да се вчитаат и уредуваат во која било CAD програма без потреба од инсталирање на CADprofi.

CADprofi постојано се развива. Новите верзии се објавуваат неколку пати годишно, нудејќи му на корисникот ажурирана содржина и подобрена функционалност. Ажурирањето преку Интернет му овозможува на секој корисник непосреден пристап до тековната верзија на алатките CADprofi.

Заеднички можности на сите модули:

  • Брзо и лесно цртање со помош на симболи и предмети.
  • Автоматско нумерирање.
  • Управувач со блокови, рамки, симболи …
  • Генерирање на предмер пресметка и можност за извоз во некои од најчестите формати (pdf, rtf, doc, xls, xml, csv...)
  • Автоматско генерирање на легенд.
  • Библиотека за опрема од најпознатите светски производители.
  • Ажурирање преку Интернет.

Алатките CADprofi ги користат над триесет илјади корисници ширум светот.

 

CADprofi Mechanical

cadprofi mechanicalПараметриски CAD модул кој ја олеснува изработката на машински проекти.

Mechanical модулот е ​​опремен со напредни сетови на стандардни делови, арматура и други челични производи, базирани на локални и меѓународни стандарди. Библиотеката содржи завртки, штафови, подлошки, нитни, држачи, L профили, редуктори, како и делови наменети за проектирање на изненувачо и други уреди. Напредните дијаграми и нацрти овозможуваат лесно цртање на водоводни и машински инсталации.

Корисничкиот интерфејс базиран на стандардот UTF-8 поддржува 22 јазици: англиски, бугарски, кинески, хрватски, чешки, дански, холандски, француски, германски, грчки, унгарски, италијански, полски, португалски, романски, руски, српски, словенечки, шпански, шведски и турски.

 

Погледнете го видеото на Youtube>>

CADprofi Electrical

cadprofi electricalПараметриски CAD модул кој го олеснува проектирањето на електрични инсталации, осветлување и телекомуникациски инсталации.

Овој модул може да се користи при проектирање на сложени електрични инсталации, без разлика дали се работи за нисконапонски или високонапонски мрежи, телекомуникациски инсталации, мониторинг или антенски системи. Модулот содржи неколку илјади симболи базирани на најновите стандарди. Овој модул им нуди на корисниците можност за автоматско нумерирање (адресирање) на кола, уредувач на дијаграми…

Корисничкиот интерфејс базиран на стандардот UTF-8 поддржува 22 јазици: англиски, бугарски, кинески, хрватски, чешки, дански, холандски, француски, германски, грчки, унгарски, италијански, полски, португалски, романски, руски, српски, словенечки, шпански, шведски и турски..

 

Погледнете го видеото на Youtube>>

CADprofi HVAC & Piping

cadprofi hvacПараметриски CAD модул кој го олеснува дизајнот на HVAC, водоводни и канализациски инсталации.

Модулот HVAC & Piping има база на податоци на објекти кои овозможуваат проектирање на секаков вид на инсталација: HVAC (климатизација, греење или ладење), цевководи, канали, како и инсталации за вода, гас, медицински, противпожарни инсталации и сите видови на технички инсталации при проектирање на станбени и деловни објекти. Способностите како што се изработка на основи и дијаграми, изометриски прикази и делови овозможуваат користење на еден софтверски пакет при изработка на комплексни проекти.

Корисничкиот интерфејс базиран на стандардот UTF-8 поддржува 22 јазици: англиски, бугарски, кинески, хрватски, чешки, дански, холандски, француски, германски, грчки, унгарски, италијански, полски, португалски, романски, руски, српски, словенечки, шпански, шведски и турски.

Погледнете го видеото на Youtube

CADprofi Architecture

cadprofi architecturalПараметриски CAD модул кој го олеснува архитектонското проектирање

Овој модул може да се користи за правење основи, пресеци и фасади. Практичните функции го олеснуваат создавањето повеќеслојни ѕидови, котирањето и креирањето описи. Во рамките на овој модул има обемна база на податоци за прозорци, врати, мебел... Како единствена опција, CADprofi Architectural овозможува и креирање на планови за евакуација..

Корисничкиот интерфејс базиран на стандардот UTF-8 поддржува 22 јазици: англиски, бугарски, кинески, хрватски, чешки, дански, холандски, француски, германски, грчки, унгарски, италијански, полски, португалски, романски, руски, српски, словенечки, шпански, шведски и турски..

Погледнете го видеото на Youtube>>

Kontakt

БАР Е.Ц.Е. ДООЕЛ
Народен Фронт бр. 11/1-4
1000 Скопје, Македонија.
Telefon: +389 2 3215 773
E-mail: contact@ progesoft.mk
Работно време: Пон÷Пет: 8:00÷14:30

Техничка поддршка

Нашиот персонал Ви стои на располагање за сите прашања поврзани со користењето на progeCAD.

Поддршка>>

 

Ние користиме колачиња!

Добредојдовте на www.progesoft.mk! Оваа веб страна користи колачиња. (cookies). Продолжувајќи да ја користите оваа страница, се согласувате со нашата употреба на колачиња.

Доколку не се согласувате со користење на колачиња, можете да го одбиете барањето, но тогаш страницата може да не функционира правилно.