progeCAD EDU - училишна верзија

progeCAD Srl им овозможи на факултетите и училиштата целосно бесплатно да го користат progeCAD 2024 Professional ENG за едукативни цели. Училишна лиценца се издава по барање на образовните институции и е целосно функционална една година. По истекот на лиценцата, потребно е повторно да се поднесе барање за нова лиценца. 

Училишната верзија може целосно легално да ја користат наставниците и учениците, како на училишните така и на домашните компјутери, се додека ја користат во образовниот процес. Секоја злоупотреба на лиценцата е казнива.

Постапка за добивање училишна CAD лиценца

За да може институцијата да добие бесплатна progeCAD лиценца, потребно е:

  1. Преземете ја пробната верзија на програмата од нашaта Download секција. Пробната верзија на програмата е целосно функционална 30 дена. 
  2. Доколку сте решиле да користите progeCAD Professional, потребно е одговорното лице на институцијата да ја преземе апликацијата за училишна лиценца, да ги внесе сите потребни податоци во формуларот, да го испечати образецот на меморандум на институцијата, да стави печат и да го потпише. Потпишаниот формулар мора да биде скениран и испратен на нашиот e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
  3. По добивањето на вашето барање, институцијата се проверува дали ги исполнува условите за добивање на училишна лиценца. По проверка, дали се е во ред, серискиот број за активирање на програмата ќе биде испратен на e-mail, во спротивно, ќе биде испратено објаснување зошто барањето е одбиено.

Бидејќи училишната лиценца се издава на една година, пред истекот на лиценцата, потребно е повторно да се поднесе барање за училишна лиценца, во кое ќе биде внесен серискиот број на лиценцата што институцијата веќе ја поседува, заедно со верзијата на програма која се користи.

Kontakt

БАР Е.Ц.Е. ДООЕЛ
Народен Фронт бр. 11/1-4
1000 Скопје, Македонија.
Telefon: +389 2 3215 773
E-mail: contact@ progesoft.mk
Работно време: Пон÷Пет: 8:00÷14:30

Техничка поддршка

Нашиот персонал Ви стои на располагање за сите прашања поврзани со користењето на progeCAD.

Поддршка>>

 

Ние користиме колачиња!

Добредојдовте на www.progesoft.mk! Оваа веб страна користи колачиња. (cookies). Продолжувајќи да ја користите оваа страница, се согласувате со нашата употреба на колачиња.

Доколку не се согласувате со користење на колачиња, можете да го одбиете барањето, но тогаш страницата може да не функционира правилно.