Оваа страница содржи мали трикови кои можат да ја забрзаат и олеснат вашата работа во progeCAD.:
- Забрзајте ја вашата работа во progeCAD
- Променете ја големината на зголемувањето на зумот кога зумирате со глувчето
- Ажурирање на progeCAD
1. Забрзајте ја вашата работа во progeCAD
Пред да започнете со progeCAD, проверете дали ги имате инсталирано најновите верзии на драјверите за графичката картичка.
Хардеврско забрзување
За да го исклучите хардверското забрзување, отворете Опции преку менито Tools/Options.
Потоа отворете го јазичето Display и исклучете ја опцијата Hardware acceleration.
После тоа, затворете го progeCAD и рестартирајте го.
Подесете поддршка за OpenGL
Ако оневозможувањето на хардверското забрзување не ја забрза работата во progeCAD, сменете ја глобалната променлива MINOPENGL. Оваа променлива ја дефинира минималната верзија на OpenGL потребна за да се овозможи графичко забрзување. Стандардната вредност на променливата MINOPENGL е 20.
Корисниците кои имаат постари системи или имаат проблеми со курсорот/графиката треба да ја намалат вредноста на оваа променлива на помала вредност.
За промена на вредноста MINOPENGL, треба да ја напишете следнава команда во командната линија:
MINOPENGL
Променливата MINOPENGL може да има вредност помеѓу 10 и 20. Внесете некоја помала вредност и притиснете ENTER.
2.Променете ја големината на зголемувањето на зумот кога зумирате со глувчето
Ако при зумирање на цртеж, „скоковите“ изгледаат премногу големи, погледнете ја вредноста на променливата ZOOMFACTOR. Стандардната вредност е 60, а променливата може да има вредност помеѓу 3 и 100. Ако скоковите се големи, намалете ја вредноста на пр. 30
Напишете ZOOMFACTOR во командната линија и притиснете ENTER. Потоа внесете ја саканата вредност и повторно притиснете ENTER.
3. Ажурирање на progeCAD
Можете да го ажурирате ProgeCAD на два начина – автоматски или рачно..
Автоматско ажурирање
Автоматските ажурирања се иницирани од самиот progeCAD, доколку ажурирањето е достапно на веб-страницата на производителот. Автоматските ажурирања може да се стартуваат и преку менито Help/Check for progeCAD update.
По стартувањето, progeCAD ќе ја провери достапноста на ажурирање и, доколку е достапно, ќе ја преземе инсталацијата која ќе се стартува по следниот почеток на progeCAD.
Рачно ажурирање
Ако на progeCAD не му е дозволен пристап на интернет, корисникот мора самиот да ја преземе датотеката за ажурирање преку врската на нашата почетна страница (во делот „Тековна верзија“), да го исклучи progeCAD и потоа да ја изврши преземената инсталација. Откако ќе заврши инсталацијата, progeCAD ќе се ажурира..
NПо секое ажурирање на програмата, се препорачува да ги ресетирате сите поставки на progeCAD..
Ресетирањето се врши со стартувањето на програмата progeCAD 2024 Professional Center, кој се наоѓа во Start менито – Start/progeCAD 2024 - English (x64)/progeCAD Center 2024 - English /x64). Кога ќе започне програмата, изберете ја ставката Utility, а потоа Toolbar and Menu. Одберете Default profil и кликнете на OK.
Кога ќе се појави на Reset configuration вклучете ја ставката Configuration, Search paths, Menu, Toolbar, Aliases, Keyboard Shortcuts и Tablet setings и кликнете OK, а потоа Yes.
По оваа постапка, progeCAD ќе се врати во неговата „фабричка“ состојба и потребно е повторно да се примени првиот совет – Забрзајте ја вашата работа во progeCADrad.