progeCAD 2025 Professional е идеална CAD алатка за секој кој има потреба од CAD цртежи: студенти, наставници, архитекти, градежни инженери и техничари...
Како основен формат, progeCAD 2025 Professional користи DWG формат(од верзијата 2.5 до верзијата што се користи во AutoCAD 2025), а интерфејсот (класичен или “ribbon”) и филозофијата на работењето е идентична со AutoCAD го прават идеална замена која не бара макотрпни и одземаат многу време прилагодувања.
ProgeCAD 2025 не е копија на AutoCAD – progeCAD 2025 претставува CAD револуција, која на своите корисници може да им понуди многу: „Ribbon“ и класичен интерфејс, поддршка за 64-битни системи, поддршка за повеќејадрени процесори, progeCAD cloud - работа во cloud , превод на текст во рамките на цртежот, фотореалистичко прикажување во комбинација со Artisan Renderer, IFC поддршка, увоз на Revit проекти, Point Cloud поддршка, Solidworks поддршка, sсетови на додатни алатки – Express Tools, EAC 3D архитектонски алатки, работа со ACIS 3D тела, работа со табели , можност за штампање во DWF, PDF, 3D PDF и JPG формат, увоз на PDF документ и конверзија во DWG, растерско уредување на слики, растерска - векторска конверзија, огромна библиотека на блокови, Redline и Markup алатки, поддршка за LISP, .NET, VBA, ARX комбиниран код, C++, DIESEL…
progeCAD 2025 Professional доаѓа со интегриран Artisan Render. Оваа алатка ви овозможува да креирате фотореалистични рендери, користејќи голем број вградени материјали и светла, со можност за креирање материјали и светла по мерка.
progeCAD 2025 Professional во себе содржиi iCADLib. iCADLib претставува модул на progeCAD за управување со блокови, кој содржи повеќе од 22.000 блокови поделени по различни области на апликација:
- Архитектонски
- Машински ANSI-ISO и DIN-ISO
- Електро компоненти
- Хидраулика и пневматика
- Кујнска3D опрема
Покрај блоковите што доаѓаат со инсталацијата progeCAD, iCADLib обезбедува пристап до интернет базата на блокови – Traceparts и Cadenas порталите, кој содржи над милион различни блокови класифицирани по области на примена..
progeCAD 2025 Professional поддржува пет програмски јазици: LISP i SDS (C++ ADS® компатибилен), .NET, DRX/ARX-компатибилен програмски јазик, VBA и COM автоматизација, а има и поддршка за Autodesk DIESEL
progeCAD 2025 Professional е достапен во пет верзии на лиценци:
- Single License – класична лиценца за едно работно место
- USB – лиценца со хардверски клуч
- NLM – мрежна лиценца наменета за употреба во мрежни средини
- Corporate – лиценца наменета за компании, без ограничувања на бројот на работни места
- Educational – бесплатна лиценца за училишта, наменета исклучиво за образовни институции
progeCAD 2025 Professional е оптимизиран за Microsoft Windows 11® оперативен систем и може да се работи на сите оперативни системи од Windows 7® до Windows 11®.
Секогаш ажурирани верзии со претплата за iCARE
Претплатата на iCARE ви овозможува постојан пристап до најновите верзии на програмата progeCAD, како и постојан пристап до техничка поддршка.
Едногодишната претплата им нуди на своите корисници, покрај техничката поддршка и постојаните подобрувања на програмата, намалени трошоци за надградба на нови верзии.
За годишна членарина, корисниците на iCARE ги имаат следните предности::
- Надградба– ги добиваат сите ажурирања на progeCAD и новите верзии на progeCAD
- Поддршка– техничка поддршка преку тикет систем, e-mail, директен контакт и далечинска поддршка.
Купете iCARE во комбинација со progeCAD и заштедете 20% попуст од стандардната цена iCARE!